Приватната компанија ПЕШТАН Д.О.О Аранѓеловац, Србија е лидер во регионот на Балканот во производство на инсталации во градежништво, како во високоградба, така и во нискоградба. Своите производи ги продава низ Европа и светот во повеќе од 90 земји. На пазарот во Македонија е присутна последните 30 години.
ПРОДАЖЕН ПРЕТСТАВНИК ЗА ПРОЕКТИ (М/Ж) – ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА
ОПИС НА РАБОТНИТЕ ЗАДАЧИ
• Следење на проекти од високоградба и нискоградба на територијата на Македонија
• Контакт со клучни институции (проектанти, инвеститори, консултанти, надзор) со цел креирање, следење и реализација на проекти
• Работа со изведувачи од областа на нискоградба и високоградба
• Активна секојдневна соработка со дистрибутерите на компанијата во Македонија
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
• Одлично познавање на српски јазик
• ССС / ВСС
• Релевантно работно искуство
• Активно познавање работа на компјутер (e-mail, MS Office пакет)
• Активно познавање на англиски јазик на средно ниво
• Возачка дозвола Б категорија
БАРАН ПРОФИЛ
• Проактивна личност
• Самостојност во работата
• Способност за координација на активности
Доколку ги исполнувате условите од конкурсот, испратете ни го вашиот CV со фотографија на e-mail: rabota@esi.mk најдоцна до 23.03.2026.