За потребите на наш клиент, кој е препознатлив во областа на малопродажба на алкохолни пијалоци, вработуваме:
ПРОДАЖЕН АСИСТЕНТ (Скопје – Карпош)
Доколку сте комуникативна, услужлива и одговорна личност која ужива во работа со клиенти и продажба, ве покануваме да станете дел од успешен и професионален тим.
ЗАДАЧИ:
- Услужување и советување на клиенти при избор на производи;
- Презентација и продажба на алкохолни пијалоци;
- Грижа за уредноста и атрактивниот изглед на продажниот простор;
- Редовно изложување и дополнување на производите на полиците;
- Следење на залихите и навремено известување за потребите од дополнување;
- Работа со фискална каса и наплата на производи;
- Одржување на високо ниво на услуга и позитивно корисничко искуство.
БАРАМЕ:
- Претходно работно искуство во малопродажба ќе се смета за предност
- Искуство или познавање на алкохолни пијалоци ќе се смета за особена предност
- Одлични комуникациски и продажни вештини
- Професионален пристап и ориентираност кон клиентите
- Одговорност, точност и способност за тимска работа
- Подготвеност за динамична работа во продажно опкружување.
ПОНУДА:
- Редовна и конкурентна плата
- Одлични услови за работа во стабилна и растечка компанија
- Работно време од 40 часа неделно
- Работни денови на продавницата: понеделник до сабота.
- Дополнителна исплата за работа за време на државни празници согласно законските прописи
- Годишен одмор согласно Законот за работни односи
- Пријатна работна атмосфера и поддршка од искусен тим
- Можност за долгорочен професионален развој.
Доколку се пронаоѓате во описот, своите биографии испратете ги на rabota@esi.mk и наведете ја позицијата за која аплицирате.
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Ристо Равановски 2/1-3,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
rabota@esi.mk, www.esi.mk