Супервизор за хардвер и мрежи (реон Скопје)
Компанија : ESI
Работна Позиција : Супервизор за хардвер и мрежи
Локација : Скопје
Број на работни места :
Опис на компанијата :
Тип на работно место : Full Time
Објавено на : 2/04/18
Краен рок за пријавување :
12/04/2018

 

За вработување кај наш клиент, водечка компанија во прехранбената индустрија, потребни се канидидати за позиција:

Супервизор за хардвер и мрежи (реон Скопје)

 

ЗАДАЧИ:

  • Системска администрација на VMware систем за виртуелизација, креирање и конфигурирање на виртуелни машини
  • Инсталација и администрација на оперативни системи Microsoft Windows Desktop/Server (опционално Linux), одржување на персонални компјутери, печатари и друга информатичка опрема
  • Инсталација и основна администрација на бази на податоци MS SQL Server и Oracle
  • Основна администрација на Zimbra mail server и подесување на клиентска околина
  • Конфигурирање и следење на политиката за обезбедување на резервни копии (backup) на виртуелните машини и бази на податоци преку Veeam /резервни копии на покритични машини на FS
  • Конфигурирање и администрација на мрежна опрема и хардвер (firewall, router, switch, storage), поставување на безбедносни правила, решавање на проблеми поврзана со истата
  • Учество во тимови при имплементација на проекти од областа на информатичките решенија, учество во изработка на поврзувања (interface) помеѓу системи (размена на податоци помеѓу различни бази на податоци)

 

БАРАМЕ:

  • Работно искуство во областа на ИТ мрежна/системска администрација 2+ години
  • Познавање на платформи за виртуелизација VMware-VSphere
  • Добро познавање на оперативни системи (Windows Desкtop/Server и опционално Linux)
  • Познавање на бази на податоци (MS SQL Server и Oracle) од аспект на нивна администрација
  • Познавање на електронска пошта како услуга/администрација, платформа базирана на Zimbra
  • Добро познавање на компјутерски мрежи/безбедност, TCP/IP, WiFi
  • Искуство во разрешување на проблеми поврзани со употреба на ИТ уреди и апликации /help desk
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Комуникативна и високо дисциплинирана личност
  • Амбициозност и одлична организираност на работното место

Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на rabota@esi.mk и наведете ја позицијата за која аплицирате.

ЕСИ (Employment Services International)

ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје

T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
rabota@esi.mk, www.esi.mk

 

Аплицирајте со своето CV
Испратете го вашето CV на нашата email адреса
До колку немате изработено CV,er можете да го преземете, да го пополните и испратите кај нас