Проектант – Електро инженер (реон Скопје)
Компанија : ESI
Работна Позиција : Проектант - Електро инженер
Локација : Скопје
Број на работни места : 1
Опис на компанијата :
Тип на работно место : Full Time
Објавено на : 28/09/17
Краен рок за пријавување :
28/10/2017

 

За вработување кај наш реномиран клиент кој се занимава со изработка на проекти за осветлување и електротехнички проекти, увоз и продажба на опрема за осветлување и управување со осветлувањето, бараме:

Проектант – Електро инженер (реон Скопје)

 

ЗАДАЧИ:

  • Изработува проекти за осветлување и управување на осветлувањето
  • Изработува електротехнички проекти и проекти на изведена ситуација
  • Изработува спецификации за продажба на светлосна опрема и опрема за управување на осветлувањето
  • Извршува програмирање на управувањето на светлосната опрема во објекти каде е испорачана опремата
  • Комуницира со сите домашни и странски добавивачи од аспект на техничките прашања
  • Комуницира со потенцијални и редовни клиенти од аспект на техничките прашања
  • Ги следи залихите на светлосна опрема и опрема за управување и по потреба врши испорака на опремата до објект на инвеститорот
  • Ги следи сите законски регулативи и промени на истите од областа на своите одговорности
  • Ги следи сите технички новости во областа на изработка на електротехнички проекти
  • Ги следи сите современи трендови од областа на осветлувањето и управувањето на истото
  • Посетува семинари и саеми од областа

 

БАРАМЕ:

 

  • Работно искуство, пожелно, но не е задолжително
  • Завршен електротехнички факултет
  • Одговорност, исполнителност, самоиницијативност, аналитичност, комуникативност, тимски играч
  • Познавања од областа на изработка електротехнички проекти
  • Афинитет кон програмирање (фирмата обезбедува обука во областа на програмирање на управување на осветлувањето)
  • Пожелно но, не и задолжително основно познавање на компјутерски мрежи
  • Течно говорење на англиски јазик
  • Познавање на германски јазик, но не е задолжително
  • Одлично познавање на Word, Excel, познавање на Outlook
  • Одлично познавање на AutoCAD и DIALux
  • Поседување на возачка со Б категорија

 

ПОНУДА:

 

  • Можен почеток – веднаш
  • 6 месеци обука и пробна работа
  • Договор на неопределено работно време
  • Работно време од 09:00 до 17:00

Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на rabota@esi.mk и наведете ја позицијата за која аплицирате.

ЕСИ (Employment Services International)

ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје

T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
rabota@esi.mk, www.esi.mk

 

Аплицирајте со своето CV
Испратете го вашето CV на нашата email адреса
До колку немате изработено CV,er можете да го преземете, да го пополните и испратите кај нас