Менаџер за продажба
Компанија : ESI
Работна Позиција : Претставник за продажба
Локација : Скопје
Број на работни места : 1
Опис на компанијата : Присутни сме на пазарот од мај 2007 година со својата централа во Скопје. Наша цел е да понудиме комплетни решенија за раководење со човечките ресурси, преку кои компаниите ќе добијат максимум резултати со минимум инвестиција. Нудиме широка палета на услуги од областа на човечките ресурси, со главен фокус на посредување при вработување и времени вработувања. Покрај двете примарни услуги, нудиме и дополнителна поддршка на компаниите и во останатите сегменти на раководењето со човечкиот капитал.
Тип на работно место : Full Time
Објавено на : 13/07/18
Краен рок за пријавување :

 

За вработување во рамките на нашата агенција потребен е:

Менаџер за продажба

 

ЗАДАЧИ:

  • Независно обезбедува нови клиенти за Агенцијата
  • Ги презема сите потребни активности за самостојно да ги исполни поставените цели на продажба
  • Воспоставува контакт со нови потенцијални клиенти
  • Одржува состаноци со цел презентација на услугите на Агенцијата
  • Ги опслужува веќе постоечките  клиенти на компанијата
  • Изготвува понуди по спецификација
  • Ги анализира пазарот и конкуренцијата и работи на идентификување на потенцијалите за подобрување и зголемување на мрежата на клиенти на Агенцијата
  • Дава навремени извештаи до непосредниот претпоставен за условите на пазарот
  • Ги анализира пречките и промените во конкуренцијата кои можат да влијаат врз постигнувањето на целите за продажба
  • Дневно и неделно пишува планови и извештаи за сработеното
  • Други задачи поврзани со дејноста на агенцијата

 

БАРАМЕ:

  • Високо образование (предност имаат лицата со Економски факултет или друг сроден факултет)
  • Соодветно претходно работно искуство на иста или слична позиција
  • Одлично владеење на англискиот јазик
  • Одлично владеење на Word, Excel, Power Point, Outlook
  • Одлични комуникациски и презентациски вештини
  • Возачка дозвола со Б категорија

 

Кандидати кои ги исполнуваат горенаведените квалификации треба да достават своја биографија и да наведат во електронската пошта за која позиција аплицираат.

Апликацијата на која не е наведено работното место нема да се земе во предвид.

Селекцијата на кандидати се извршува по истекот на огласот. Доколку бидат доставени над 120 биографии, селекцијата се врши и до 120 денови.

Доколку не бидете одбрани за оваа позиција, Вашите биографии ги чуваме во нашата дата база со можност за повикување на идни соодветни огласи.

Доколку не сакате Вашата биографија да биде сочувана, наведете ја таквата информација во Вашата електронска порака.

Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на rabota@esi.mk и наведете ја позицијата за која аплицирате.

ЕСИ (Employment Services International)

ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје

T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
rabota@esi.mk, www.esi.mk

 

Аплицирајте со своето CV
Испратете го вашето CV на нашата email адреса
До колку немате изработено CV,er можете да го преземете, да го пополните и испратите кај нас