Менаџер за продажба (реон Скопје)
Компанија : ESI
Работна Позиција : Претставник за продажба
Локација : Скопје
Број на работни места : 1
Опис на компанијата :
Тип на работно место : Full Time
Објавено на : 19/06/18
Краен рок за пријавување :
30/06/2018

 

За вработување кај наш реномиран клиент, компанија која се занимава со производство и обезбедување на решенија за сточарската индустрија, во потрага сме по:

Менаџер за продажба (реон Скопје)

 

ЗАДАЧИ:

  • Самостојно спроведува договорни и продажни активности: склучува договори и ја собира и контролира пропишаната документација
  • Независно обезбедува важечка сигурност при плаќање и наплата
  • Ги презема сите потребни активности, самостојно, за да ги исполни поставените цели на продажбата, да го зголеми бројот на продавници, да обезбеди ексклузивни продавници и да дава платежни предлози и предлози за подобрување на продажбата
  • Ги презема сите потребни активности самостојно за да обезбеди соодветен асортиман на производи во секоја продажна точка и независно да го дефинира потребниот асортиман
  • Независно ја креира организацијата на редовни посети на продажни места – клиенти
  • Ги прима барањата на клиентот, формира нарачки за испорака и ги препраќа до логистичката служба во определените временски рокови
  • Воспоставува контакт со нови потенцијални клиенти
  • Одржува контакт со клиенти и ги врши сите продажни активности (формулари и испраќа понуди, пресметки, брошури)
  • Следи сметки на клиентот и се грижи за навремено собирање на побарувања и навремени точки за потенцијалните проблеми
  • Ги анализира пазарот и конкуренцијата и работи на идентификување на потенцијалите за подобрување на „сообраќајот“ и предлага воведување на нови алатки, промени во ценовната политика, проширување на асортиманите и сл.
  • Дава навремени извештаи до непосредниот претпоставен за условите на пазарот и пречки и промени во конкуренцијата кои можат да влијаат врз постигнувањето на целите за продажба
  • Предлага, во смисла на својата работа, мерки за подобрување на системот за квалитет
  • Ги почитува и целосно ги применува барањата на системот HACCP и стандардите ISO 22000 и FAMi QS и документацијата во согласност со него; учествува во подобрувањето на целиот систем во согласност со барањата на стандардот
  • Ги почитува и целосно ги применува мерките на БИЗНР и ЗНП
  • Врши други задачи за кои е обучен по наредба на непосредниот менаџер

 

БАРАМЕ:

  • Високо образование (предност имаат кандидатите од Земјоделскиот факултет)
  • Соодветно претходно искуство на иста или слична позиција во земјоделската или сточната индустрија
  • Одлично владеење на англискиот јазик
  • Одлично владеење на Word, Excel, Power Point, Outlook
  • Познавање на HACCP, стандардите ISO 22000 и FAMi QS
  • Одлични комуникациски и презентациски вештини

 

Кандидати кои ги исполнуваат горенаведените квалификации треба да достават своја биографија и да наведат во електронската пошта за која позиција аплицираат.

Апликацијата на која не е наведено работното место нема да се земе во предвид.

Селекцијата на кандидати се извршува по истекот на огласот. Доколку бидат доставени над 120 биографии, селекцијата се врши и до 120 денови.

Доколку не бидете одбрани за оваа позиција, Вашите биографии ги чуваме во нашата дата база со можност за повикување на идни соодветни огласи.

Доколку не сакате Вашата биографија да биде сочувана, наведете ја таквата информација во Вашата електронска порака.

Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на rabota@esi.mk и наведете ја позицијата за која аплицирате.

 

ЕСИ (Employment Services International)

ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје

T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
rabota@esi.mk, www.esi.mk

Аплицирајте со своето CV
Испратете го вашето CV на нашата email адреса
До колку немате изработено CV,er можете да го преземете, да го пополните и испратите кај нас