Studio shot of young woman working in office being under emotional stress

7 работи кои можете да ги направите, ако ја мразите новата работа

Ако беше возмошно да знаете како навистина би ви изгледало работењето на нова работна позиција, работите ќе беа далеку полесни.

За жал, без разлика на тоа колку внимателно се подготвувате, не секогаш можете во потполност да процените кои се позитивните и негативните страни на одредено работно место и на одредена компанија.

Ако штотуку започнавте со нова работа која сѐ повеќе изгледа како ноќна мора, а не работа од соништата, не треба да очајувате.

Постојат многу работи кои можете да ги направите за да ја намалите болката и да се концентрирате на вашата кариера.

7 работи кои можете да ги направите, ако ја мразите новата работа

  1. Проценете дали навистина проблемот е во работата

Промената знае да биде тешка за многу луѓе. Ако сте личност на која ѝ треба повеќе време да се прилагоди на нова средина, дајте си време да се адаптирате и навикнете на новата работа. Не претпоставувајте веднаш дека проблемот е во новата работа.

Дајте си време да се адаптирате на новите процедури, на новите колеги, на новата корпиративна култура.

  1. Идентификувајте ги главните проблеми

Комплетно сте свесни што не ви се допаѓа околу новата работа? Запишете ги сите проблеми. Јасно изјаснете ги проблемите, бидете специфични и проценете дали можете нешто сами да направите за да ги промените работите.

Ако ве мачи улогата, што би промениле околу неа? Ако ви е јасно што ве прави несреќни, многу полесно ќе можете да дојдете до решение на проблемите, поголеми се шансите да ги поправите работите кои не ви се допаѓаат.

  1. Насочете се кон позитивната страна

Освен ако не сте независни, богати и без мака можете да влезете во канцеларијата на шефот и да му кажете збогум, тогаш добро е двапати да размислите дали веднаш треба да ја напуштите новата работа.

Не треба да гледате само на негативните работи. Обидете се да ги најдете и позитивните работи на новата работна улога. Препознајте ги позитивните страни и проценети дали вреди да се потрудите да ја задржите работата или да побарате отказ.

  1. Постојано обновувајте си го CV-то

Дури и да си ја сакате новата работа, добра идеја е постојано да си го обновувате резимето, но и да чувате стара верзија од истото.

Ако решите да аплицирате за нова работа позиција после само една – две недели не е добро да го вклучите и новото работно место.

  1. Комуницирајте, креирајте мрежа на пријатели кои би ви помогнале

Дури 60% од новите работни места можете да ги најдете исклучиво со препораки, па добро е да бидете поврзани со многу луѓе и да имате солидна мрежа на комуникација од разни колеги, поранешни лица со кои сте студирале заедно и сл.

  1. Не се плашете да се вратите чекор наназад

Ако доброволно сте се качиле чекор наназад на повисока позиција во истата компанија и после неколку недели заклучите дека истата не ви прилега, може да постојат шанси да се вратите и на старата позиција.

Ако ви се допаѓала старата работа, но сте мислеле дека е време да продолжите понатаму, може е време добро да размислите дали сте го направиле вистинскиот чекор.

  1. Ако продолжите понатаму, заборавете на оваа работа

Ако сепак, на крајот решите да продолжите понатаму и да барате ново работно место после само неколку недели, можеби и најдобро е оваа работна позиција воопшто да не ја вклучите во вашата биографија.