Manager_img

3 клучни работи кои не треба да ги кажувате кога преговарате за плата

Кога станува збор за преговарање за плата, она што не треба да го кажувате може да биде исто толку важно колку и она што треба да го кажете.

Ако сте добар „покер“ играч, веќе сте запознаени со овој феномен: во преговорите за плата, лицето кое трепка или ја губи смиреноста, ќе ја изгуби раката.

За да успеете во преговарањето и да ја добиете платата што ја заслужувате треба да практукувате да бидете смирени и тивки, освен ако имате нешто важно да кажете.

Направете план за дејствување, така што ќе ви биде пријатно кога ќе дојде време да седнете со вашиот работодавач и да преговарате за покачување на платата.

Еве 3 работи кои не треба да ги кажувате кога преговарате за плата:

Ми требаат повеќе пари

Преговорите за плата не се за тоа дали ви требаат повеќе пари или дали заслужувате повеќе пари. Тие се за тоа дали можете да добиете повеќе пари, а ова значи разбирање на пазарот и вашето место во него.

Имам поголеми трошоци од приходи

Вашите трошоци, како и остатокот од вашиот личен живот, се само ваши и на никој друг – најмалку од сите, вашиот шеф или работодавач. Пренагласувањето на ова не само што нема да ви донесе покачување, туку може да ве чини и почитување од колегите, а тоа има поголема цена од од било која пропуштена можност за зголемување на платата.

Изнесувањето лични податоци во преговорите за плата му покажува на работодавачот неколку работи за вас, а ниту една од нив е е добра. На пример, може да се претставите себеси како некој кој што не може да управува со сопствениот буџет, што ќе направи работодавачот двапати да размисли за тоа како во иднина да ви го довери и буџетот на компанијата.

Еве што заработив на мојата последна работа

Работодавачите ќе се обидат да добијат информација од потенцијалните кандидати за нивната претходна плата. Вашата историја на плата е ирелеванта. Работодавачот треба да утврди надомест за улогата врз основа на должностите кои се вклучени во работата, како и квалификациите потребни за извршување на работата. Тој исто така би можел да ги земе во предвид факторите како што се пазарната конкуренција, плата по учинок и други работи кои ќе дадат најмногу резултат за неговиот надомест.

Но, информацијата за плата од кај претходниот работодавач не треба да дојде кај сегашниот.

Ако работодавачот се обидува да ве натера да ја дадете вашата историја на плата, можете да го поставите прашањето колкав е вашиот буџет за мене? Ако не го сторите тоа, можете да застанете со тоа што велите дека треба да дознаете повеќе за работата и неговите должности пред да имате добра идеја за тоа што е соодветно. Но, што и да правите, избегнувајте да ја именувате вашата цена.