Тим Менаџмент

Идејата зад креирање на оваа услуга е да овозможиме професионална поддршка на компаниите во креирање и водење на ефикасни самостојни тимови.

Тимската работа е клучна за профитот на секој бизнис, но истата не е лесно да се креира и одржи. Со оглед на комплексноста на овој процес, услугите за тим менаџмент ви нудат поддршка во областа на:

  • Градење на тимови
  • Развој на тимови
  • Водење на тимови

Услугата се состои од обуки и искуства кои имаат цел да ги зголемат перформансите во наведените области.

Обуките и искуствата се креираат според идентификуваните предизвици со кои се соочувате во вашата компанија.

Секоја од нашите понуди претставува уникатно искуство кое не може да се повтори.

Обуките и искуствата се реализираат групно, а нудиме и индивидуална поддршка за тим лидерите во форма на советување.