Проценка и развој на кадри

Голем дел од компаниите се соочуваат со стагнација во својот бизнис како резултат на недостатокот од стратегиски развој на капацитетите на вработените.

Токму затоа започнавме да ја нудиме оваа специфична услуга која ќе ви овозможи да ги согледате потенцијалите на секој од вработените и истиот максимално да го искористите за развој на вашиот бизнис.

Услугата се користи за:

  • Процена на кандидати при процес на селекција на кадар
  • Процена на вработени при процес на прераспределба или унапредување
  • Процена на вработени при процес на воведување на промени
  • Процена на вработени за утврдување на потреби за развој и обука

Оваа услуга првенствено се фокусира на евалуација на вработените со помош на соодветни техники во контролирани услови. Процената ја вршиме со помош на инструменти за психолошка проценка, неформални инвентари и тестови и алатки за бихејвиорална процена. По процената добивате извештај за секој вработен со детален опис на капацитетите, насоки за искористување на потенцијалот и препораки за дополнителни обуки за развој во склад со плановите за развој на вашиот бизнис.