Посредување при вработување

Посредување при вработување е услуга преку која можете на најефикасен начин да дојдете до квалитетен кадар за потребите на вашиот бизнис.

Преку оваа услуга од нас добивате целокупно водење на процесот на регрутација и селекција на нови вработени во склад со вашите потреби.

Предноста на користење на овој вид услуга е вашата заштеда на време и трошоци, лесна достапност до високо квалификувани кандидати и олеснување во процесот на координацијата при избор на кандидатите.

Процедурата на избор и селекција на кандидати се одвива во следните чекори :

  • Остваруваме заедничка средба за да ги разгледаме вашите потреби и прецизираме деталите.
  • Од ваша страна потребно е да го пополните образецот „Баран профил“.
  • Врз основа на податоците започнуваме со процесот на огласување и прибирање на документација од заинтересираните кандидати.
  • Вршиме прелиминарна селекција и селекција по спроведено интервју со кандидатите кои одговараат на бараниот профил. По потреба спроведуваме и тестови на знаење и психолошко тестирање.
  • По нашата селекција ви доставуваме извештаи за селектираните кандидати.
  • Крајната одлука ја донесувате вие, врз основа на финалните интервјуа со селектираните кандидати, кои се спроведуваат со ваше учество во интервју панелот.