времено вработување

Со оваа услуга ви овозможуваме да ангажирате работници само во периодите кога вашата компанија има потреба: зголемен обем на работа, сезонски работи, пробен период на вработување и слично.

Привремено вработените лица потпишуваат договор со ЕСИ агенцијата за вработување, а се отстапуваат на вас како работодавач – корисник.

Вие како компанија корисник потребно е само да ги дефинирате описот на работното место, работните часови и износот на платата, а останатото оставете го на нас.

Кои се вашите придобивки и заштеди од користење на услугата за времено вработување?

  • Не објавуваме оглас, работникот го пријавуваме веднаш
  • Ние вршиме пријави /одјави во Агенција за Вработување на Р.М. и во Фонд за Здравствено осигурување, потпишување на договори со работниците, пресметки на плати и останати надоместоци, со што аштедуваме дел од вашето време
  • Целосното административно работење околу ангажманот на работниците (изготвување на боледувања и годишни одмори, исплата на плати) останува наша обврска.

*За својата услуга агенцијата наплатува процент на бруто платите на ангажираните работници, а ДДВ се наплаќа само на агенциската провизија.