get-fired-810x380

Може да ве отпуштат преку телефон или мејл?

Отпуштање не е никогаш лесно. Дури и да знаете претходно дека вашата можност за работа во компанијата е загрозена, а дури и што е можно потактички да бидете информирани дека ќе бидете  отпуштени, инфомрацијата никогаш не е лесна за да се слушне и прифати.

А отпуштањето по телефон може уште повеќе да ги влоши работите.

За жал, вашиот иден поранеше работодавач не мора секогаш да биде фин со вас. Во повеќето случаи може да ве отпушти и без предупредување.

Може да ве отпуштат преку телефон или мејл?

Освен ако тоа прашање не е покриено со договорот за вработување или со одреден државен закон, не постојат никакви рестикции околу тоа како работодавачот може да ве отпушти. Можат тоа да го направат преку мејл, во живо или со текстуална порака.

Но, за среќа повеќето работодавачи се свесни дека ваквиот начин на отпуштање може да биде суров и да влијае на моралот на останатите вработени, во смисла да се намали и нивната продуктивност и желбата за работа.

Повеќето работодавачи имаат стандардизирана политика за отпуштање која вклучува средба со лице кое е дел од секторот за човечки ресурси или доколку компанијата нема сопствен сектор за човечки ресурси, средба со едно од надлежните лица.

Компанијата може да има предвремено инфомирање или предупредување за можно отпуштање.

Но, во ниту еден случај не е добра политика било кој вработен да се отпушти преку мејл или смс порака.