1762003-Mary-Kay-Ash-Quote-Fake-it-till-you-make-it

Глумете дека сте успешни и мотивирани, сѐ додека навистина не станете успешни и мотивирани!

Понекогаш знае да се случи… Започнувате со нова работа, а потоа сфаќате дека не е тоа што сте очекувале дека ќе биде. Можеби работата била премногу рекламирана од страна на работодавачот или можеби сте замислувале сосема поинаков начин на извршување на работните обврски…

Без оглед на причината, веќе сте започнале да работите и имате потешкотии да се мотивирате себеси за да работите секој ден.

Пред да дозволите фрустрациите да влијаат на вашата работа и да се одлучите да заминете на ново работно место може да се послужите со еден добар совет – „глумете дека сте успешни и мотивирани, сѐ додека навистина не станете успешни и мотивирани“.

Зошто е добро да го следите овој совет?

Запоменте, најдобрите работи не можат да се случат со минимален напор. Ако сакате да успеете ќе морате малку повеќе да се потрудите. Тоа важи не само за работата која ви се допаѓа, туку и за онаа која на почетокот ви е одбивна.

Дури и да решите сепак, да ја напуштите работата, добро размислете дали го правите тоа заради вистински или лоши причини.

Работодавачите добро знаат дека не секој вработен одлично ќе се вклопи во новата улога и во културата на компанијата. Најдобро е да се потрудите колку што можете повеќе да се вклопите во културата и да се научите да ги извршувате обврските.

Но, секако, не треба да дозволите ако сте премногу мизерни и фрустрирани секој ден, да продолжите да седите на позиција која само ви го уништува здравјето. Понекогаш е неизбежно да дадете отказ, но само доколку добро сте ги разгледале сите опции и позитивни и негативни страни.

Посебно вреди да размислите дали треба да останете, ако не сте сигурни колку можете да влијаете со носење на позитивни промени во компанијата.

Понекогаш се случува компанијата да работи на застарен начин кој не е организиран доволно добро, а токму вие можете да донесете позитивни промени и да донесете повеќе организираност во компанијата.

Токму затоа: глумете дека сте успешни и мотивирани, сѐ додека навистина не станете успешни и мотивирани. Можеби и ќе решите да останете уште многу години на работното место кое моментално прави да се чувствувате мизерно.